Услови и правила

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на оваа  интернет продавница.

 

 

ПРАВИЛА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

 

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ и вклучена достав.

 

Воедно  го задржуваme правото да врши промена на цените без претходна најава.

 

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на продавачот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот  се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на превземање.

 

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.

 

По комплетирањето на нарачката (процесуирање), ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.

 

Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

 

Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување,  во период од 7 дена од приемот на производот. Трошоците за поштарина се на ваша сметка. Парите ќе ви бидат пратени исклучиво по поштата каде се враќа производот (производот да е во првобитна состојба како што бил превземен).

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА

 

Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

 

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 16 часот и истите ги испорачуваме следниот  ден.

Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

 

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

 

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

 

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина.

 

Правило на интернет продавницата  е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски или со испраќање на СМС порака, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

 

Со самото користење на сајтот (правење нарачка) од NEKMAR.EU/MK автоматски се сложувате со овие правила.

 

 

РЕКЛАМАЦИЈА НА ШТЕТИ ПРИ ТРАНСПОРТ

Многу е важно веднаш да пријавите каква било штета при транспорт, видлива на пакувањето на производот, до курирот кој ви ја доставува стоката. Купувачот е должен да пријави каква било штета за време на транспортот во рок од 24 часа по приемот на стоката, со јавување на телефонскиот број 075 30 21 24 или со испраќање е-пошта со неговите податоци (име, презиме, телефон) на е-пошта makedonija@nekmar.eu со опис на забележаната штета или недостаток на делови од самиот производ.

 

Ако забележите оштетување, не потпишувајте го приемот на пратката или замолете го курирот да почека додека проверува дали оштетувањето на пакувањето предизвикало штета на самиот производ или загуба на содржината. Ако производот не е оштетен, а сите делови се број, потпишете ја потврдата.